Македонска заедница во Австрија
Јовица Блажевски одржа фолклорна работилница во Виена

05.06.2024
Минатиот викенд Јовица Блажевски, уметнички раководител на играорниот кор во „Танец“ и рајоводител на ФС Блажевски одржа фолклорна работилница „Радовишки собор” со членовите на КУД „Македонка“ од Виена, Австрија.
-Јовица, ти благодариме за преубаво поминатите денови, ни беше чест и големо задоволство, сите играорци беа презадоволни. Голема благодарност до тебе што му се посветуваш од се’ срце на македонскиот фолклор и на традицијата и што ја пренесуваш и на идни генерации. Се надеваме во блиска иднина повторно да имаме прилика за следна работилница, велат од КУД „Македонка“.