Сојуз на здруженијата на македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија-Македон
Чествување 80 години од формирањето на првата Егејска македонска ударна бригада во Битола
13.11.2024
На 16 ноември по повод 80-години од формирањето на Првата Егејска Македонска ударна бригада, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, во 11.00 часот, организираат традиционалното полагање свежо цвеќе на спомен-плочата на чешмата до Против-пожарната станица во Битола.
Покровител на традиционалното чествување за вечен помен и спомен на Првата егејска македонска ударна бригада во Македонија е градоначалникот на општина Битола.
На чествувањето поканети се градоначалникот и Советот на општина Битола, Новаци и Могила, Сојузот на борците на Битола и партиите со советници во Советот на општина Битола.
Пригодно обраќање пред присутните ќе одржат претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и деците бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, Александар Јаневски и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Поканата е отворена и важи за сите добронамерни Македонци и за сите здруженија на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.