Македонска заедница во Австрија
Хуманитарен македонски женски саем во Виена
27.01.2023
Во сабота, од 16:00 до 21:00 часот, во салата за манифестации на МПЦО „Свети Наум Охридски“ во Виена ќе се одржи „Прв македонски женски саем”. Настанот е организиран од културната и црковна заедница на Македонците во Виена, а припадничките на понежниот пол ќе се претстават себеси со кулинарство и занаетчиско уметнички изработки.
На саемот ќе има разновидна домашна македонска храна и рачно изработени разновидни креации. Настанот ќе биде збогатен со македонска музика и добро вино. Приходот од овој настан ќе биде наменет за добротворни цели.