Skip to content

Македонска заедница во Канада

Традиционален ручек во МПЦО „Свети Никола“ во Виндзор

Традиционален ручек во МПЦО „Свети Никола“ во Виндзор

04.12.2023

Во чест на Свети Климент Охридски Чудотворецот, патрон на Македонската Православна Црква, денес, женската секција при Македонската православна црковна општина “Свети Никола“ во Виндзор го организира традиционалниот ручек за сите верници и Македонци.
Ручекот беше после утринската богослужба во црквата.
Присутните ги поздрави претседателката на Управниот одбор Вера Најдовска и им посака пријатно попладне на присутните.
Кумови за празникот беа Менка и Славко Серафимовски, а за догодина се пријавија Васко и Ирена Чаковски. Нека им е на здравје, традицијата нека продолжи.
error: Content is protected !!