Семакедонска средба во Пустец, Албанија
Тоа што сме биле и отсекогаш ќе сме – Македонци
02.10.2023
Во саботата, во Пустец, се оствари средба помеѓу поранешниот градоначалник на Општина Пустец Едмонд Темелко, кандидатот за градоначалник на Општина Пустец на последните локални избори Панди Јани, македонските активисти во Албанија Спиро Малевски, Цветко Китани, Отец Алексо Темелко, актерот Доне Донев од Македонија и Тони Ордановски од Холандија.
Тони Ордановски од Холандија и Деан Калпачки од Германиа подарија книги за првиот македонски претседател Методија Андонов Ченто од авторот и актерот Доне Донев, кој изведе монодрама за Македонските работи!
Заедничката порака од семакедонската средба во Пустец е апел до Македонците го цела Албанија за пописот на населението: Попишете се сите, тоа што сме биле и отсекогаш сме – МАКЕДОНЦИ! Да ставиме крај на бугарските пропаганди и без страв да останеме достојни на нашите македонски корени! Во Албанија Бугари нема!
Масовно и единствени, на пописот на населението во Албанија: Да ставиме печат на историјата и вистината: НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ НАШИОТ ЈАЗИК Е МАКЕДОНСКИОТ!