Претседателството на Македонскиот сојуз и претставници на македонските друштва во Шведска на 22 и 23 октомври 2022 година одржаа работна конференција во Sundsgården кај Хелсингтборг. Беа разгледани повеќе прашања поврзани со тековната дејност, а првиот дел од програмата беше посветен на презентација на новините во областа на одржувањето на студијски кружоци (studiecirklar) во соработка со АБФ. Претставникот на локалното АБФ од Хелсингборг, Сана Давидович, детално ја презентираше процедурата за изготвување студијски планови, практична реализација на кружоците и дигиталното известување до студијскиот сојуз АБФ.
Во рамки на работната конференција, со која раководеа Гордана Крклинска и Гоце Грујоски, беа разгледани и идеи и предлози околу планирање на традиционалната манифестација Ден на македонската култура во Шведска, кој во изминатите неколку години не беше организирана, најмногу поради ковид-пандемијата, но и поради намалувањето на културните активности во македонските друштва.