Литературно друштво „Браќа Миладиновци“ – Торонто, Канада
Промовирани нови книги од автори од македонската дијаспора
01.09.2023
Вчера во Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Торонто беа промовирани три новоиздадени книги од македонски автори од татковината и дијаспората.
Две од книгите „Чест и слава на Скопје Мајка Тереза“ и „Скопјанката Света Мајка Тереза 2“ се збирки поезија од група автори од Македонија и од дијаспората. Од Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто со свои песни учествува: Драгица Димовска, Вера Вржовска Петревска, Каролина Ристеска и најмладата поетеса од Мисисага, Михаела Велкоска.
Третата книга што беше промовирана е насловена „Познати Битолчани“ од Вера М. Самарјанин, а се претставени познати битолчани низ карикатури нацртани од карикатуристката Кети Радевска. Уредник на овие убави и интересни книги е познатата поетеса, писателка и голем хуманист а воедно и член на ЛИТЕРАТУРНО ДРУШТВО „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“- Торонто Вера Благоевич Самарјанин.
На промоцијата на Драгица Димовска, Вера Вржовска Петревска и Михаела Велкоска им беа доделени благодарници „Св. Мајка Тереза“ од здружението „Скопјанката Мајка Тереза“.