Во Ал Аин во Обединетите арапски емирати
Оливера Наковска Бикова светски шампион во стрелаштво
14.11.2022
Оливера Наковска Бикова го освои златниот медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин и титулата светски шампион во дисциплината П4-Пиштол слободен избор. Бикова на светското првенство беше предводена од нејзиниот тренер Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиноски.
Во квалификациите Оливера испука одличен резултат од 538 (најдобар во нејзината кариера) со што го освои второто место и си обезбеди пласман во финале, иако почетокот на мечот не го наговестуваше тоа. После неколку правовремени совети од тренерот (во првата и втората серија особено), а пред се заради нејзината подготвеност и одлучност да се фати во борба со останатите за што подобар пласман и личен перформанс, Оливера во продолжение на натпреварот значително ги подобри своите перформанси и со изедначениот личен рекорд во оваа дисциплина, сигурно зачекори во финалето.
Во самото финале, Оливера по првите пет истрели се најде на второто место на табелата, а веќе по завршување на втората серија од пет истрели ја презеде лидерската позиција и успеа да ја идо крај, до последниот кутршум, иако финалето беше драматично и мошне квалитетно.