Skip to content

Норвешка отвара конзулат во Скопје

Норвешка отвара конзулат во Скопје

29.06.2023

Кралството Норвешка отвара конзулат во Скопје, а за конзул е назначен Живко Мукаетов, кој исто така функцијата Генерален конзул на Кралството Данска ја извршува веќе 16 години.
На свеченоста, во просториите на „Алкалоид АД“ Скопје во Автокоманда, ќе присуствуваат амбасадорот на Норвешка во Белград, Јорн Еуген Ѓелштад, државниот секретар при Министерството за надворешни работи на Норвешка, Еивин Вад Петерсон, советникот во Кабинетот на министерот за надворешни работи на Норвешка, Гро Дахле, заменик директорот во секторот за ЈИЕ при МНР на Норвешка, Јохан Лоов, како и првиот секретар на Амбасадата на Норвешка во Белград, Стефан Алмехаген Сандстад.
error: Content is protected !!