Skip to content

Македонска заедница во Западна Австралија

Незаборавна македонска вечер во Перт

Незаборавна македонска вечер во Перт

04.12.2023

Во организација на Македонската заедница за Западна Австралија, синоќа во Македонскиот центар при Македонската православна црква “Свети Никола” во Перт, се одржа незаборавна Македонска вечер.
Гостите ги забавуваше Егејската македонска музичка група “Златни ноти”.
“Златни ноти” доаѓа од леринско, ќе имаат турнеја низ цела Австралија, а свират песни од сите делови на Македонија.
Пред присутните настапија и членовите на Македонското културно уметничко друштво “Гоце Делчев” од Перт.
Со македонски народни песни и ора и богато македонско мени, Македонците во Перт поминаа прекрасна Македонска вечер.
error: Content is protected !!