Македонска заедница во Хрватска
МКД „Билјана“ од Задар со манифестација „Во пресрет на денот на жената“
03.03.2023
Македонското културно друштво „Билјана“ од Задар, Хрватска во соработка претставничката на македонското национално малцинство во Задарската жупанија, Мирјана Мајиќ, организира манифестација „Во пресрет на денот на жената“. На манифестацијата која е под мотото „Жената за жена“, а во рамки на одбележување на „XX Денови на македонска култура“ ќе биде изведена пригодна програма од секциите на друштвото „Билјана“ од Задар, и а потоа ќе има коктел.
Манифестацијата ќе се одржи во вторник (7 март) од 18 часот во просториите на друштвото МКД „Билјана“ под покровителство на Советот на националните малцинства на Република Хрватска и советничката на македонското национално малцинство на Задарската жупанија.