Skip to content

Македонска заедница во Албанија

Македонците од Голо Брдо барат граничниот премин Џепиште-Требиште да работи 24 часа

Македонците од Голо Брдо барат граничниот премин Џепиште-Требиште да работи 24 часа

12.01.2023

Огранокот во Голо Брдо на Македонското друштво „Илинден”-Тирана побара од Владата, граничниот премин Џепиште-Требиште во областа Голо Брдо да работи 24 часа.

– Македонците од областа Голо Брдо апелираат македонската и албанската влада да најдат решение за отворање на граичниот премин Џепиште-Требиште 24 часа, во интерес на сите од двете страни на границата, изјави Фатри Фатаху, претседател на Огранокот во Голо Брдо на Македонското друштво „Илинден”-Тирана.

Граничниот премин Џепиште-Требиште во областа Голо Брдо беше отворен во мај 2013 година. Владите на Македонија и Албанија на заедничката седница одржана во Поградец на 15 декември 2017 година донесоа заедничка одлука, граничниот премин Џепиште-Требиште да работи 24 часа.

За жал, Македонците во областа Голо Брдо изразуваат разочарување, бидејќи граничкиот премин Џепиште-Требиште не работи 24 часот, туку преминувањето е дозволено само од 8 до 18 часот. Посебно тешко е движењето преку овој граничен премин во зимскиот период кога поради природните околности – ниските температури и врнежите од снег.

Македонците од Голо Брдо барат граничниот премин Џепиште-Требиште да работи 24 часа
error: Content is protected !!