Македонска заедница во Албанија
Делегација на македонската партија во Албанија оддадоа почит на Гоце Делчев
06.02.2023
Делегација на Македонците од Албанија, предводена од претседателот на Македонската партија – Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, положи цвеќе на гробот на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев во Скопје.
– Македонците во Албанија го почитуваат името и делото на македонскиот апостол Гоце Делчев. И плоштадот во центарот на општина Пустец, во Мала Преспа, го носи неговото име. Горди сме на нашето македонско потекло и чувствуваме морална обврска да се поклониме пред неговите мошти во македонската православна црква “Свети Спас“ до Калето во главниот град на државата Македонија, – изјави Васил Стерјовски, претседател на Македонската партија во Албанија и поранешен пратеник во Собранието на Албанија.
– За жал, ја пропуштивме дневната процесија, затоа што, сите гранични премини беа блокирани поради пад на системот, – дополни Стерјовски.
Македонската делегација остана заробена во Албанија, не доби право на влез во Македонија, се’ додека не беа отстранети дефектите во електронскиот систем на сите гранични премини во Македонија.