Skip to content

Македонска зедница во Србија

Во Нови Сад објавен „Речник на македонски глаголи“

Во Нови Сад објавен „Речник на македонски глаголи“

06.02.2023

По повод 75-годишнината од универзитетската настава по македонски јазик и литература во Србија, во Музејот на обединувањето во Нови Сад, беше претставен Речникот на македонските глаголи на авторот Жарко Бошњаковиќ, чие објавување е поддржано од покраинската влада, пренесува Бета.

Како што соопштија од Кабинетот на покраинскиот премиер Игор Мировиќ, поддршката за оваа публикација покажала посветеност на единството и односот кон македонското национално малцинство кое живее во Србија, а особено во Војводина.

Авторот на речникот и професор на Филозофскиот факултет во Нови Сад, Жарко Бошњаковиќ рече дека овој речник ќе биде корисен за студентите, но и за јазичните теоретичари и лингвисти, додека претседателот на Националниот совет на Македонците, Борче Величковски, изјави дека станува збор за „капитална работа што ќе го подигне нивото на универзитетското изучување на македонскиот јазик“.

Соработници на речникот се Националниот совет на Македонците во Србија, весникот и издавачката институција „Македонски информативен и издавачки центар“ во Панчево, Филозофскиот факултет на Универзитетот во Нови Сад и Архивот на Војводина.

error: Content is protected !!