Skip to content

Македнонска заедница во Канада

Божикен ручек во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“

Божикен ручек во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“

27.11.2023

Вчера во организација на Женската секција при Македонската Православна Црковна Општина “Свети Климент Охридски” во Торонто, после утринската богослужба се одржа традиционалниот Божикен ручек. Салата во соборниот храм „Свети Климент Охридски” беше преполна, присутните уживаа во македонските песни и ора и богато македонско мени.
Беше послужена и Божикна торта на задоволство на сите, а беше поделена и богата лотарија со прекрасни награди.
Ручекот го благослови парохискиот свештеник, а добредојде и пријатен ручек на присутните им посака претседателката на Женската секција при МПЦО „Свети Климент Охридски” во Торонто.
Музиката беше на познатата група „Момците од Буф”.
error: Content is protected !!