Центар за македонски јазик во Грција
Барање за настава на македонски јазик во основните и средните училишта и на универзитетите
09.02.2023
Центарот за македонски јазик во Грција упати барање до министерит за образование и религија на Хеленската Република, Ники Керамеос, за воведување на македонски стандарден јазик како изборен курс во основните и средните училишта во регионите на северна Грција.
Во барањето до министерот за образование и религија на Грција, Центарот за македонски ајзик во Грција вели: “Почитуван министер, Ви се обраќаме од Центарот за македонски јазик во Грција, невладина организација основана во 2022 година. Апликацијата на нашето здружение беше одобрена од Судот во Лерин на 28 јули 2022 година, а одлуката беше објавена во Судскиот билтен на 7 ноември 2022 година. Основна цел на Центарот е да го зачува и негува македонскиот јазик во Грција.
Непознат е точниот број на македонски говорници во Грција, бидејќи докази за јазичната разновидност не се собираат во националниот попис. Сепак, македонскиот јазик традиционално се зборува (на разни степени) во многу градови и стотици села, околу дваесет општини во земјава.
Според нашиот Статут, една од нашите главни цели е поддршка на идното воведување на македонскиот стандарден јазик како изборн курс во државните училишта (основни и средни) и на универзитетите во Грција, лоцирани во регионите на Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија.
Покрај тоа, го поддржуваме идното формирање на педагошки факултети/оддели на постоечките универзитети во Грција за образование на локални наставници по македонски јазик, како и наставните програми.
Иако цениме дека можеби нема да биде можно да се олесни изучувањето на македонскиот јазик во секое село каде што се зборува, се надеваме на пилот програма барем по едно училиште во секоја од горенаведените подрачни единици каде ќе има изучување на македонскиот јазик понудени на студентите како изборен курс.“
Центарот за македонски јазик во Грција побараа средба со Министерството заради разговор за овој предлог.