Skip to content

Соединетите држави – светилник на дволичноста

Соединетите држави – светилник на дволичноста

Бил Николов

Ми стана навика да го прозивам Џо Бајден за бесрамните лаги што ги кажува пред Генералното Собрание на Обединетите Нации – како моја верзија на годишниот извештај на Стејт Департментот за човекови права.

Минатата година Бајден ги осуди нападите врз мирните демонстранти, одржувањето избори кои не се слободни или фер, државните напади, апсењата и заканите врз граѓаните кои живеат во диктаторски држави насекаде низ светот. Но ова се однесуваше само на држави во кои САД не ги одобруваат или предводат овие напади.

Оваа година, Бајден зборуваше за Русија и Украина и рече дека „Соединетите Држави сакаат војната да заврши под праведни услови“, за што доби пофалби од воено-индустрискиот комплекс – пред се затоа што успеа да го каже ова без да се насмее.

За време на неговата политичка кариера Џо Бајден живееше за американските војни, војните што САД ги водат преку посредници, државни удари и други форми на американскиот интервенционизам во кои беа убиени милиони.

Тој зборуваше за принципите на Обединетите Нации, за „човековите права“, „меѓународното право“ и имаше смелост да го каже следново „Не е тајна дека во конфликтот меѓу демократијата и автократијата, Соединетите Држави, и јас, како претседател на САД, се залагаме за визија за свет кој е заснован врз вредностите на демократијата“.

Не Џо, не е тајна дека Соединетите Држави – и ти како претседател – сакате свет кој е покорен на Соединетите Држави. Добро е што авторот на говорот на Бајден ги стави зборовите „автократија“ и „Соединетите Држави“ во иста реченица.

Светот добро ја знае разурнувачката моќ на САД, а сепак многу држави, пред се членките на НАТО и на Европската Унија, слепо ги следат САД.

Овие земји истовремено ги осудуваат и ги помагаат војните, ја промовираат и одземаат независноста на земјите, се колнат дека го почитуваат меѓународното право и го кршат. Западот бесрамно и го направи сето ова на Македонија – пред и по создавањето на Обединетите Нации. Ова се истите САД кои, во членот 1 на својата повелба, велат дека нивна цел е „да го одржува меѓународниот мир и безбедност“ и „да развива пријателски односи меѓу нациите засновани врз принцип на почитување на еднакви права и самоопределба на народите“.

Ќе се удавиме во иронија.

И покрај тоа што Македонија беше на сојузничката страна во двете светски војни, Соединетите Држави и Обединетото Кралство се обединија за да извршат терор врз Македонците, со бомбардирање на цивили низ Егејска Македонија (анектирана од Грција по поделбата на Македонија во 1913 година). Повторувам, ова се случи по формирањето на Обединетите Нации. Зошто? За да се поткрепат грчките владејачки фашисти, поддржани од нацистите и од британското кралско семејство во нивната јавно прогласена цел да ги избришат Македонија и Македонците.

Тоа се вика да го поддржуваш својот стратешки партнер „во добро и во лошо“.

Западот потоа со децении ги поддржуваше македонските угнетувачи, кои крајно ги засилија нападите врз етничкиот идентитет и независноста на Македонците во изминатите неколку години.

Затоа, не ми замерајте што не им аплаудирам на тврдењата на Џо Бајден дека САД „ја засилуваат демократијата дома и низ светот“.

Но зошто Соединетите Држави, овој самопрогласен „светилник на демократијата“, ги напаѓаат Македонците? Кус одговор е дека сакаат да го прошират американскиот империјализам, преку ширење на НАТО и ЕУ.

Конкретно, Грција и Бугарија се заканија дека ќе стават вето на приемот на Република Македонија во НАТО и во ЕУ – цел која ни ја наметна Западот, доколку не бидат избришани името, идентитетот, етничката припадност, културата и историјата на Македонија. Ова е дел од нивната јавно декларирана политика да се негира постоењето и прикрие прогонот врз големото македонско малцинство во овие две земји.

Бришење на етничка група и засилување на американскиот империјализам? Се разбира дека Соединетите Држави целосно го поддржаа овој план.

И така САД инсталираа диктаторски режим во Република Македонија, за со сила да го наметнат крајно навредливото име „Северна Македонија“ и да спроведат промена на идентитетот во „Северномакедонци“. Тие брутално ги гушеа сите протести, што доведе до физички напади, закани, уцени и апсење на Македонците низ Балканот.

Светот спокојно седи додека Џо Бајден, како и секој друг претседател на САД од формирањето на Обединетите Нации, гордо декларира работи кои се крајно спротивни на тоа што го прави./Бил Николов, претседател Македонско меѓународно движење за човекови права twitter.com/billnicholov

error: Content is protected !!