Македонска заедница во Турција
Предавања за изучување на македонскиот јазик во Турција
07.10.2024
Егејско-Македонско здружение на доселеници во Каршијака веќе третпат годинава организира предавања за изучување на мајчиниот македонски јазик.
Предавањата се одржуваат во Центарот за добрососедски односи „Наргиз” при општина Каршијака, за што Егејско- Македонското здружение на имигранти изразува голема благодарност до градоначалникот на општина Каршијака, Јилдиз.
Предавањата на македонски јазик ги одржува Камуран Арслановски, а ги слушаат голем број на Македонци од сите возрасти.