Skip to content

Македонска заедница во Полска

Здружение за промоција на македонската култура во Варшава

Здружение за промоција на македонската култура во Варшава

29.11.2023

Во просториите на Волскиот центар за култура во Варшава се одржа македонска средба по повод основањето на Здружението за промоција на македонската култура во Полска.
Целите и заздачите на здружението на Македонците ги претстави неговиот претседател Горан Шутиновски.
Програмата продолжи со проекција на краткометражните филмови “Долу од рајот“ на Саша Станишиќ и “Ќе му се јавам на татко ти“ на Леонид Ристов.
Со музичка точка настапи Ансамблот за песни и танци при Економскиот универзитет во Варшава, кој изведе неколку полски народни песни, како и македонската песна “Македонско девојче“.
Во изложбениот простор на културниот центар имаше поставка на урбани фотографии од Скопје и Варшава на Даниел Анастасов, а беа изложени и македонски орнаменти од приватните колекции на некои од членовите на здружението.
error: Content is protected !!