Skip to content

Научна конференција во организација на Матицата на иселениците од Македонија

120 години од Илинденското востание

120 години од Илинденското востание

18.07.2023

Оваа година се навршуваат 120 години од ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ кое е единствениот, најголем и најкрвав показ за потребата на македонското население да не биде манипулирано, туку самостојно и подготвено да се жртвува за својот сон – своја држава. За тоа сведочи и фактот што НИКОЈ и НИТУ ЕДНА од странските држави не се потрудил ниту да им помогне на Македонците за време на востанието, ниту да посредува за да се смири состојбата кога цели македонски села (заедно со жителите) биле пеплосувани од страна на Османлиите. Затоа пак, после сите стравотии што се случувале во селата и градовите низ Македонија, емисари дотрчале да приберат некој поен како миротворци.
ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ претставува меѓник во македонската историја, темелен настан врз кој се надѕидувала и надградувала катадневната исконска желба за слободна, независна и достоинствена македонска држава. За жал, денес слушаме за некаква си „заедничка историја“ со Бугарите, во која требало да биде вградено и Илинденското востание. Доколку прифатиме дека и бугарскиот народ има свое право врз овој празник тогаш им го даваме правото да тврдат дека и тие НЕБАРЕ пролеале крв за нашата македонска земја и тоа во најсветото и најчистото востание т.е. нашето историско срце. На тој начин, ние им го даваме и правото да кажат дека и денес Бугарите се поделени во две држави т.е. заедно биле во 1903 заедно треба да бидат и денес и во иднина. Иако тоа нема апсолутна врска со историската вистина, затоа пак, сто пати кажаната лага треба да стане вистина.
А за вистината да остане вистина темелена на сериозна историска анализа, документи и факти, Матицата на иселениците од Македонија, организира научна конференција со учество на истакнати македонски историчари по повод 120 години од Илинденското востание на 1 август во Крушево.
error: Content is protected !!