Skip to content

Во Македонска Филхармонија

Концерт во чест на Рахмањинов

Концерт во чест на Рахмањинов

13.06.2023

Во камерната сала на Македонска филхармонија утре (14 јуни), со почеток во 20 часот ќе биде одржан концерт во чест на 150 години од раѓањето на Сергеј Рахмањинов.
На програмата ќе бидат делата: Етида оп. 33 бр.8 g-moll, Прелудиум оп. 32 бр.12 gis-moll и Прелудиум оп.3 бр. 2 во пијано изведба на Викторија Митеска, романсата „Сон“ во изведба на Летиција Кондратенко (сопран) во пијано придружба на Викторија Митеска, Елегично трио бр. 1 за виолина, виолончело и пијано во изведба на Ана Кондратенко – виолина, Марија Михајловска – виолончело и Викторија Митеска – пијано и 6 пиеси за 4 раце оп.11 (Баркарола, Скерцо, Руска песна и Валцер) во изведба на Огненка Герасимовска и Викторија Митеска.
Рахманинов го сметаат за најголемиот пијанист на целиот 20 век. Поседувал легендарни технички способности и чувство за ритам. Неговите долги прсти покриваа 13 интервали на клавијатурата (распон од 30 сантиметри). Како композитор, меѓу другото, создал четири концерти за пијано, три симфонии, две сонати за пијано, три опери, 24 прелудиа, неколку хорски дела, рапсодија на тема Паганини. Повеќето негови дела се во стилот на доцниот романтизам сличен на Чајковски, но и под очигледно влијание на Шопен и Лист.
error: Content is protected !!