Македонска заедница во Германија
Црковната управа на „Св, Павле“ оствари средба со бискупите на Триер
25.04.2023
Вчера во Триер, Германија европскиот митрополит Отец Пимен и Црковната управа „Св. Павле“ остварија работна средба со надлежните бискупи од католичката црква Stephan Ackermann и Franz Josef Gebert.
-Заблагодарувајќи се за отстапените Цркви „Свети Атанасиј” и „Св.Климент” Рувер, за редовни богослужби и за сите наши духовни потреби, ја продлабочивме нашата доверба и соработка со надлежните бискупи за доброто на сите наши Македонци од Триер, Даун и Битбург.
Црковната управа „Св. Павле“ оствари и работна средба со претставници на клубот „Илинден” од Луксембург за подобра информираност и комуникација на сите Македонци во Луксембург, за работата и активноста на Црковната општина во Триер, која е отворена за секаква морална и духовна подршка.