Македонска заедница во Швајцарија
Стојан Муратов е кандидат за пратеник на кантонот Тичинот
28.03.2023
Македонецот Стојан Муратов, е кандидат за пратеник за членови на Големиот совет за парламентот на кантонот Тичино, Швајцарија. Муратов на претстојните избори што треба да се одржат во недела е кандидат на листата на Народната партија на слободата која на изборите е под реден број седум.
Големиот совет е законодавниот дом односно парламентот на кантонот Тичино. Кантонот претставува една изборна единица. За членови на Големиот совет номинирани се 90 кандидати, од кои Стојан Муратов, Македонец по потекло, е 61-ви на листата за округот Локарно.
Македонската заедница во Швајцарија апелира до сите Македонци и нивните пријатели и роднини во кантонот Тичино, масовно да гласаат на кантоналните избори на 2 април 2023 година за кандидатот Стојан Муратов, на 7-ма кандидатска листа.
Стојан Муратов во парламентот на кантонот Тичино значи поголема грижа и за Македонците кои живеат и работат во Швајцарија.