Македонска заедница во Хрватска
Македонците го прославија Св. Трифун во Загреб
16.02.2023
Заедницата на Македонците во Хрватска го прославија празникот Св. Трифун во Загреб. Манифестацијата беше насловена „Св. Трифун и Св. Валентин“ во чест на двајцата светители, православниот и католичкиот, кои се слават на ист ден, а прославата беше одржана во рамките на „Денови на македонска култура“.
Манифестацијата ја отвори Виолета Штерјова, претседателка на друштвото „Охридски бисер“ – Загреб, а за чествувањето на Св. Трифун зборуваше Јангел Малинов. Прославата продолжи со литературно – драмската секција „Ленка“ чии членови рецитираа песни за светецот, а пеачкото друштво „Моми бисерни“ отпеа неколку македонски народни песни. За време на прославата беше одржана и етно работилница „Разбој“ и работилница за македонски јазик за возрасни.