Skip to content

Македонска заедница во Швајцарија

На 10 јуни „Македонски ден“ во Ешалан

На 10 јуни „Македонски ден“ во Ешалан

14.02.2023

Македонската заедница во Швајцарија информира дека годинава манифестацијата „Македонски ден во Ешалон – (Македонски панаѓур)“ ќе се одржи на 10 јуни со почеток во 11 часот, во Градскиот парк спроти железничката станица во Ешалон.

На програмата на Македонскиот ден се песни и ора од богатото фолклорно наследство на Македонија, како и перформанс на македонска свадба и свадбени обичаи. Ќе биде понуден и широк асортиман на разновидна стока која ги отсликува македонската традиција и обичаи изложена на големиот број штандови поставени токму за купувачите и посетителите.

Манифестацијата е помогнат и поддржана од општина Ешалан.

error: Content is protected !!