Skip to content

Совет на Европа

Отфрлени сите тврдења за дискриминација на бугарското малцинство во Македонија

Отфрлени сите тврдења за дискриминација на бугарското малцинство во Македонија

09.02.2023

Комитетот на министрите на Советот на Европа во Стразбур, на вчерашната седница усвои резолуција за малцинствата во Македонија, со која се потврдува дека не се точни обвинувањата од Софија дека во земјава се врши системска дискриминација врз малцинството.

Во процесот на усвојувањето на резолуцијата, биле поднесени бројни амандмани од бугарската делегација кои не наидоа на поддршка од мнозинството земји членки на Советот на Европа. Помеѓу останатото, аргументацијата на големиот број претставници на зејите членки на Советот на Европа е дека ваквите процеси не треба да бидат прекумерно политизирани и билатерализирани, туку истите треба да се засноваат на духот и принципите на меѓународното право и стандарди, како и објективните наоди на независните експерти кои рефлектираат на реалната состојба.

Македонија е членка на Советот на Европа речиси 30 години, а денешната усвоена резолуција е спакувана од тим на експерти на Советот, кој во изминатиот период престојуваше во Македонија за да ги евалуира тврдењата на Софија, дека Бугарите во земјава се дискриминирани.

Поранешниот евроамбасадор во земјава Ерван Фуере за телевизија 24 изјави дека до Центарот за европски политички студии, еден од највлијателните тинк тенкови во Брисел каде Фуере членува, од непозната email адреса пристигнале обвинувања дека Фуере е виновен за говор на омраза кон Бугарија и дека сето тоа е под палката на македонските власти. Обвинет за говор на омраза на последното интервју дадено за телевизија 24 и сите останате негови изјави за односите меѓу Скопје и Софија, Фуере рече: “Направивме истражување на овој анонимен меил и не успеавме да најдеме ниеден релевантен извор за оваа таканаречена организација и затоа сметаме дека е само заплашувачка тактика за критиките да престанат. Ова се заснова на големата недоверба меѓу Македонија и Бугарија. Ваквите пораки не ја решаваат ситуацијата, а луѓето нема да бидат замолчени од ваквите тактики. Не сум заплашен од овие пораки и ќе продолжам со тоа дека тешката состојба меѓу двата соседа треба да се надмине, а клучот и одговорноста се во Бугарија.“

Фуере минатата недела во интервју за телевизија 24 кажа дека Европскиот Парламент треба да го санкционира бугарскиот европратеник Џамбаски, а македонските власти да му забранат влез на 4-ти февруари.

Анонимниот меил од т.н. организација – Мониторинг на меѓународен говор на омраза е испратен пред само два дена во Брисел, на истиот не може да се одговори.

error: Content is protected !!