Skip to content

Македонска заедница во Австрија

Македонска вечер во Виена

Македонска вечер во Виена

26.01.2023

Во организација на Македонската православна црковна општина „Свети Наум Охридски“ од Виена, на 18 февруари со почеток во 19.00 часот ќе се одржи Македонска вечер во ресторанот на Kudlichgasse 3, 1100 Wien.

На Македонската вечер ќе настапи една од најбараните и најпопуларните македонски групи на македонската народна музика – групата „Маестро“ која постои 10 години, добро позната по „Звукот на Македонија“.

Добредојдени се сите Македонци и Македонки и нивните австриски пријатели. Дополнителни информации и резервации се вршат на телефоните 0676 55 81 805, 0676 49 26 733 и 0664 21 31 146.

Повелете на прекрасна Македонска вечер со македонски народни песни и ора и вкусна македонска кујна. Нема да зажалите!

error: Content is protected !!