Македонска заедница во Австралија
Македонски национален пикник во Мелбурн
17.01.2023
Во организација на Македонската православна заедница за Мелбурн и Викторија на 29 јануари 2023 година, недела, со почеток во 9 часот наутро, во Македонскиот парк на улица 387 National Park Road, Kinglake West, ќе се одржи традиционалниот Годишен македонски национален пикник.
На пикникот ќе настапи групата Елегант. На програмата ќе има многу македонски народни песни и ора, традиционални македонски јадења, а за децата е обезбедена забава во скокалница, сликање и многу спортски игри.