Skip to content

Македонска заедница во Србија

Свечена академија по повод дваесет годишнината на македонското здружение „Вардар“ од Ниш

Свечена академија по повод дваесет годишнината на македонското здружение „Вардар“ од Ниш

24.12.2022

По повод дваесет годишнината од формирањето на Македонското здружение „Вардар“ од Ниш, во големата сала на Нишкиот културен центар се одржа Свечена академија со богата културно-уметничка програма.

На свечената академија Македонското здружение „Вардар“ додели признанија на повеќе долгогодишни членови и на најактивниот член на здружението проф.д-р Надежда Лаиновиќ Стојановиќ, македонист.

Во културно-уметничкиот дел од свечената академија учествуваше сопранот Анита Ферлеж Ераковиќ, младата рецитаторка Дана Здравковиќ, уметникот на класична хармоника Стефан Димитријевиќ и етно групата “Грација“.

Гостите беа дочекани од најмладиот член на Македонското здружение „Вардар“ Доротеа Петровиќ.

На свечената академија присуствуваа македонската амбасадорка во Србија Михаела Веселинов, претседателот на Националниот совет на Македонците во Србија Борче Величковски, претседателот на градската општина Палилула Братислав Вучковиќ, претставници на градската општина Пантелеј, голем број здруженија со кои Македонското здружение “Вардар“ има соработка и членови и симпатизери на Здружението.

error: Content is protected !!