Skip to content

Ќе се повтори ли проклетството на “невозможното“ велепредавство со помош на Калето?

Тодор Петров

Тодор Петров

25.11.2022

На меѓународната конференција “Објективот на младите за мир и помирување“, која на 14 ноември 2022 година се одржа во Охрид, новата амбасадорка на САД во Македонија, Ангела Агелер, која пред десет години во американската амбасада во Скопје го предводела Одделението за односи со јавноста, изјави: “Ако некој ми кажеше во 2013 година дека оваа земја ќе го смени своето име за да стане најновата членка на НАТО, јас ќе речев дека тоа не е возможно! Ама го сменивте!“
А, како невозможното стана возможно, призна претседателот Стево Пендаровски на 18 ноември 2022 година во интервју за ТВ 24: “Осуммината од ВМРО-ДПМНЕ кои тогаш гласаа за промени на Уставот, во тој период кога требаше да се отвара Уставот … имаа прилично долг состанок во хотелот Мериот со американскиот амбасадор. Прилично долг, неколку саата, во кои тој ги убедуваше! Ги убедуваше, не им се закануваше … зошто тоа би требало да го направат!“
Одговорот на нејзиното прашање за виновникот за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ, амбасадорката Ангела Агелер треба да го побара од нејзиниот претходник амбасадорот Џес Бејли, Пендаровски ќе и’ каже како!
И после изјавата на американската амбасадорка Ангела Агелер и признанието на претседателот Стево Пендаровски, сомневањето од повторување на историјата… Христијан Мицкоски во емисијата “Утринско епсресо со Златев и Боцевски“ на Радио Лидер на 18 ноември 2022 година, коментирајќи ги осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за промената на Уставот, а со цел промена на името на државата и идентитетот на Македонскиот народ, изјави: “Знаете тогаш што се случуваше. Не велам и сега, ако не им се стави пиштол на тие луѓе на глава, дека не можат да најдат некои такви како овие што ги носеа за уши да гласаат таму! Секој човек е подложен на закани, на уцени и на притисоци. Немојте да мислите дека тоа за името, тие дојдоа таму и го направија по своја добра воља!“
Претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски информираше дека вкупно 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на нотар завериле изјави дека нема да прифатат промена на Устав.
На 16 јули 2022 година, Христијан Мицкоски на прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ со пратеничката група во Собранието, рече: “…Информацијата која помина во Собранието нема никакво значење, затоа што Преговарачката рамка ја усвојува Владата. Но, затоа, обврските кои произлегуваат од Преговарачката рамка, а тоа е промена на Уставот со цел внесување на Бугарите, нема да помине во Македонското Собрание! Повторувам: НЕМА ДА ПОМИНЕ ВО МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ ПРОМЕНА НА УСТАВОТ СО ЦЕЛ ВНЕСУВАЊЕ НА БУГАРИТЕ ВО НЕГО! За тоа гаранција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, чии пратеници седат позади мене и сме заедно во оваа битка. Народот може да биде спокоен, ова не е 2019 година! На иницијатива на пратениците, како гаранција со која се обврзуваме пред граѓаните за ова наше ветување, со цел блокада на предавството на оваа Влада, се изјавите на пратениците заверени на нотар, дека со мирна совест и здрава свест, НЕМА ДА ПРИФАТАТ ПРОМЕНА НА УСТАВОТ! А, тоа го гарантираат со својата чест, совест и оставка која веднаш стапува во сила доколку тоа се случи! Ниту еден пратеник нема да го одобри ова предавство, и за тоа го имате мојот збор, дека тоа нема да се случи! Овде се тие изјави. Еве ги тие изјави заверени на нотар! Нема отстапување ниту милиметар од ова! Нема чекор назад… Не очајувајте народе! Не е ништо завршено, Уставот нема да се смени, Преговарачката рамка нема да биде прифатена! А, идната Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе има многу тешка задача да го исправи тоа што овие сега го погрешија, да го врати украденото. А тие кои што ова и’ го направија на Македонија, овие предавници, овие одродници и криминалци ќе одговараат за тоа што го сторија.“
На 14 август 2022 година, пак, на прес-конференција во Прилеп, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски коментираше: “Тука ќе предупредам на еден процес што се обидува да го води власта – ‘Што да правиме, Европа така не тера!’ Тоа не е точно! Европа не не’ тера! Не смееме да потпаднеме на таа провокација! Европа има чесни намери, ги отворила вратите за Македонија, јас верувам во тие чесни намери, но знам кој има нечесни намери – Владата во Софија и оваа наша некредибилна и корумпирана власт, а единствената цел е асимилација на Македонскиот народ, односно бугаризација! Тоа не е европеизација… Непроменливоста на Уставот е првиот браник! Иако од власта ќе продолжат со притисоците и со изјавите дека имало пратеници од раководството, нема такви! Тука сакам да ја затворам таа тема – по цена на мојата професионална и политичка кариера, такви луѓе нема, јас гарантирам. АКО НЕКОЈ ОД ВМРО-ДПМНЕ ГЛАСА И ПОД ОВИЕ УСЛОВИ СЕ ПРОМЕНИ УСТАВОТ, ТОГАШ ЈАС ЌЕ СИ ЗАМИНАМ, ЌЕ ЈА НАПУШТАМ ПОЛИТИКАТА И НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ЗАНИМАВАМ СО ПОЛИТИКА!“
Колку за незаборав, тие осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени на 11 јануари 2019 година се: Елизабета Канчевска Милевска, Крсто Муковски, Љубен Арнаудов, Зекир Раниловиќ, Владанка Аврамовиќ, Нола Исмаиловска Старова, Емилија Александрова и Сашо Василевски… Ќе се повтори ли проклетството на “невозможното“ велепредавство со помош на Калето?
Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот!
error: Content is protected !!