Skip to content
Македонска заедница во Романија

8 Декември – ден на македонскиот јазик во Романија

319082632_127577200141732_4022261966793503152_n

08.12.2022

Македонците во Романија денес го прославуваат 8 Декември – Денот на Македонскиот јазик во Романија. Благодарение на Мариана Венера Попеску, пратеник од Македонската заедница во Романскиот Парламент, се исполни визијата на културната манифестација “Мисиркови денови” во Романија.
– Македонците во Романија, мотивирани се со верба во знаењата на Блаже Конески, но и од духовната упорност и од трпението на Свети Климент, како и од визионерството на Крсте Петков Мисирков и на целата редица македонски дејци и просветители кои го одбранија заслуженото место на македонскиот јазик како посебност во светската ризница на јазиците, – во оваа свечена пригода изјави Мариана Венера Попеску.
Вреди да се спомене, голема заслуга за оваа придобивка и афирмација на Македонскиот јазик во романското општество имаше и покојната Лијана Думитреску која беше прв пратеник од Македонската заедница во Романскиот парламент. Пратеничката Лијана Думитреску беше прогласена за македонски сенатор со одлука на Генералното собрание на Светскиот Македонски Конгрес во 2000 година.
error: Content is protected !!