Skip to content

Македонска заедница во Канада

66. Илинденски пикник на 4 август

66. Илинденски пикник на 4 август

24.06.2024

Во организација на „Обединети Македонци” од Канада, на 4 август 2024 година, недела, ќе се одржи 66-тиот Илинденски пикник, во Mакедонскиот парк “Илинден”, 21351 ON-12, Uxbridge, L9P 1R3.
За сите учесници подготвена е богато македонско мени, а за македонските песни и ора ќе се погрижи групата “Децата од Буф”.
Пораката и од 66-тиот Илинденски пикник е: Нашето име е Македонија, ние сме Македонци, ние зборуваме Македонски јазик!
Добредојдени се сите Македонци и пријатели на Македонија и Македонскиот народ. Пикникот ќе биде незаборавен со богато македонско мени и македонска музика.
error: Content is protected !!