Skip to content

5 Мај – ден на Македонскиот јазик

5 Мај – ден на Македонскиот јазик

05.05.2023

На 5 мај 1945 година Народната влада на Македонија, на предлог на комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета, донесе Решение за Македонската азбука која се состои од 31 буква, врз принципот еден глас – една буква, пишувај како зборуваш, читај како пишува, а набргу потоа е усвоен и правописот на Македонскиот јазик.
А а, Б б, В в, Г г, Д д, Ѓ ѓ, Е е, Ж ж, З з, Ѕ ѕ, И и, Ј ј, К к, Л л, Љ љ, М м, Н н, Њ њ, О о, П п, Р р, С с, Т т, У у, Ф ф, Х х, Ц ц, Ч ч, Џ џ, Ш ш.
Кодификацијата на современиот литературен Македонски јазик се заокружува со делата на Блаже Конески – Граматиката на Македонскиот литературен јазик, Речникот на Македонскиот јазик и Историјата на Македонскиот јазик.
Македонскиот јазик е неотуѓив и нераскинлив дел од македонскиот идентитет! Македонскиот јазик е нашата единствена татковина Македонија која никој не може да ја подели, окупира и присвои!
Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо се непроценливо духовно и културно наследство на Македонскиот народ!
Крсте Петков Мисирков, кодификатор на Македонскиот литературен јазик и правопис, автор на книгата “За Македонцките работи“, вели: “Јазикот е наш долг и наше право!“ Македонскиот јазик е нашето најголемо богатство! Затоа, да го чуваме, да го негуваме и правилно користиме јазикот наш Македонски во секојдневниот живот, вербално и во пишана форма на хартија и во електронската комуникација! Се’ додека го чуваме Македонскиот јазик во нас, постои и нашата татковина Македонија!
error: Content is protected !!