Skip to content

Национален совет за етнички и мултикултурни радиостаници

3ZZZ на Ицо Најдовски-Перин прогласена за најдобра во Австралија

3ZZZ на Ицо Најдовски-Перин прогласена за најдобра во Австралија

03.06.2024

Од 24 до 26 мај годинава во Аделајд се одржа Националната конференција на Националниот совет за етнички и мултикултурни радиостаници во Австралија (The National Ethnic and Multicultural broadcasters’ Council).
Основни цели и задачи на Националниот совет за етнички и мултикултурни радиостаници сe: да ги застапува и поддржува радиостаниците на етничките и мултикултурните заедници; да ги подржува и помага луѓето од различно етничко, јазично и културно потекло; да биде глас за мултикултурализмот во Австралија; да се бори против расизмот во австралиското општество; да придонесува за различноста на медиумите во Австралија; и да работи со интегритет и на начин кој е етички, професионален, одговорен и самоуверен.
Во секој главен град на австралиските држави има голема повеќејазична радиостаница и стотици општи радиостаници во градовите и населените места кои емитуваат повеќејазични и мултикултурни програми.
Оваа голема мрежа на локално произведени програми обезбедува витална поддршка за различните заедници во Австралија.
Националните истражувања покажуваат дека: 57% од Австралијците се приклучуваат на радиото на заедницата секој месец; преку 100 различни јазици се емитуваат од 130 општи радио станици низ Австралија; и во една просечна недела секторот произведува повеќе од 2.000 часа јазични програми на заедниците.
Националниот совет за етнички и мултикултурни радиостаници води национална кампања за лоби, чија цел е федералниот буџет секоја година да ја одржи поддршката и признавањето на радиодифузниот сектор на етничките заедници, како и да го зголеми сегашното ниво на финансирање.
Националниот совет за етнички и мултикултурни радиостаници и предлага политики на Австралиската влада за прашања поврзани со радиодифузијата во заедниците, мултикултурализмот, мултијазичноста, различноста на медиумите, човековите права и социјалната инклузија.
Националниот совет за етнички и мултикултурни радиостаници поддржува, помага и обезбедува можности за развој на повеќејазично и мултикултурно емитување во заедниците низ целата земја преку своите програми и услуги, вклучувајќи: годишна национална конференција; награди за мултикултурна радиодифузија; тригодишното списание “The Ethnic Broadcaster”; и вршејќи обуки, одржувајќи работилници и форуми.
Националниот совет за етнички и мултикултурни радиостаници има голем број проекти кои се фокусираат на зголемување на учеството на младите, жените и новите заедници. Националниот совет за етнички и мултикултурни радиостаници има одбори за млади и жени со претставници во секоја држава и територија и проектен службеник со полно работно време кој раководи со проектите предложени од овие комитети.
Националниот совет за етнички и мултикултурни радиостаници, исто така, обезбедува помош и совети за сите радиодифузери од етничката заедница за прашања поврзани со радиодифузијата и политиките, информации за секторите, обука и технички промени.
На годинашната национална конференција на Националниот совет за етнички и мултикултурни радиостаници за 2024 година која се одржа од 24 до 26 мај во Аделајд, беа доделени повеќе награди и признанија.
За најдобри радиостаници за 2024 година со иновативни програми во годината, Националниот совет за етнички и мултикултурни радиостаници ги прогласи: Stories of resilience, Rebecca Maakasa, 3ZZZ Melborune VIC, Hong Kongology, Katy Chang, 3CR Melbourne VIC, Nepalese Program Pradeep Timalsina 1 CMS ACT, Chinese Program, Eric Ho, и 5EBI, Adelaide SA.
За најдобри волонтери на годината, Националниот совет за етнички и мултикултурни радиостаници ги прогласи: Mohab Sidaoui, SM FM Sydney NSW, Melvin Cerilo Mata 979 FM, и Santhosh Nagaiah 1CMS FM Canberra ACT.
За најдобри радиостаници за 2024 година за покриеност со младински прашања, Националниот совет за етнички и мултикултурни радиостаници ги прогласи: Myurra Sivapalan 1CMS-FM, и Shakeel Sahib 2M FM.
За најдобри радиостаници за 2024 година за покриеност на женските прашања, Националниот совет за етнички и мултикултурни радиостаници ги прогласи: Orietta Wheatley, Women’s World, 3ZZZ-FM, Netta Finney, The Wire, 4EB Brisbane, Shakeel Sahib, Tech Blazers, 2M FM Sydney NSW, и Sonia Parra ‘Aqui hablamos Espanol’ Hobart FM Tasmania.
За најдобри радиостаници за 2024 година, Националниот совет за етнички и мултикултурни радиостаници ги прогласи: ALive FM – Baulkham Hills NSW, 3ZZZ FM – Melbourne VIC, и VOX FM – Wollongong, NSW.
Наградата за најдобра радиостаниза за 2024 година ја прими сопственикот и главен и одговорен уредник на радиостаницата Трипати Зет – 3ZZZ, Ицо Најдовски.
Светскиот Македонски Конгрес упатува искрени честитки до Ицо Најдовски за наградата најдобра радиостаница во Австралија за 2024 година доделена од Националниот совет за етнички и мултикултурни радиостаници во Австралија.
error: Content is protected !!