Македонска заедница во Хрватска
32. Денови на македонската култура во Сплит
19.05.2023
Во среда (24 мај) во Сплит ќе се одржат 32. Денови на македонска култура, во организација на Заедницата на Македонците во Република Хрватска и Македонското културно друштво „Македонија“ – Сплит.
Програмата која ќе се одржи во градскиот театар за млади „Прокуративе“ ќе започне во 18:30 часот со Свечена академија по повод Денот на Св. Кирил и Методиј. На 32. Денови на македонската култура ќе настапат Фолклорната и Пејачката секција на МКД „Македонија“, учениците кои учат Македонски јазик и култура по модел Ц од ОУ „Скалице“ од Сплит и клапата „Пријатели“. Модератор на манифестацијата ќе биде Милена Георгиевска, педагог и новинар. По официјалниот дел на програмата ќе има пригоден коктел на МКД „Македонија“.
Покровител на 32. Денови на македонската култура е Советот за национални малцинства на Република Хрватска.