Skip to content

Македонска православна црква-Охридска Аехепископија и Јустинијана прва

25 години од востоличувањето на неговото блженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана прва

25 години од востоличувањето на неговото блженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана прва

07.10.2024

Во присуство на голем број верници, по повод 25 годишнината од востоличувањето на Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва на тронот на Охридската Архиепископија, возобновена во лицето на Македонската Православна Црква, вчера се отслужи Божествена литургија во архиепископскиот соборен храм “Свети Климент Охридски” во Скопје.
Со литургијата чиноначалствувашe Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, во сослужение со Нивните Високипреосвештенства, Митрополитите: Преспанско-пелагониски г. Петар, Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Струмички г. Наум, Повардарски г. Агатангел, Крушевско-демирхисарски г. Јован, Европски г. Пимен, Брегалнички г. Иларион, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. Григориј; и Нивните Преосвештенства, Епископите: Дељадровско-илинденски г. Јоаким и Делчевско-каменички г. Марко.
Пред самиот крај на Литургијата, Архиепископот се обрати до верниот народ со пригодно свечено слово.
На светата литургија присуствуваше и претседателката на Македонија проф.д-р Гордана Сиљановска Давкова.
После богослужбата во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа промоција на 6. и 7. том на “Слова за словото”, дело на Архиепископот Стефан. Промотори на книгите беа епископот велички м-р Никола, игуменот на манастирот во Зрзе и презвитер м-р Милан Ѓорѓевиќ, професор на Богословскиот факултет.
error: Content is protected !!