Македонска заедница во Србија
20 годишнината од формирањето на македонското здружение “Кочо Рацин“ во Белград
02.04.2024
По повод дваесет годишнината од формирањето 2003-2023 година, Македонското здружение „Кочо Рацин” во Белград ја организира традиционалната Македонска вечер 2024.
Македонската вечер ќе се одржи на 13 април 2024 година, во ресторанот на Домот на војската на Србија, со почеток од 19 часот.
Македонската вечер е под слоганот на еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност, филолог, поет, прозаист, есеист, литературен историчар Блаже Конески – „Јазикот е мојата татковина”.
Добредојдени се сите Македонци и пријатели на Македонија и македонскиот народ во Србија.
За присутните е подготвено богато мени, а за забавата ќе се погрижи реномираната музичка група „Чалгаџии” и Александар Терца Мишковски со убави македонски народни песни и ора.
Резервации се вршат на мобилен 063 8 393 685.