Skip to content

Македонска заедница во Хрватска

17-та македонска вечер во Осиек

17-та македонска вечер во Осиек

02.02.2023

Во организација на Македонското културно друштво „Браќа Миладиновци“ од Осиек, на 18 март во рамките на културната манифестација 29. денови на Македонската култура во Осиек, ќе се одржи 17. Македонска вечер во Осиек.

Македонската вечер во Осиек ќе се одржи во ресторан „Корнер“ со почеток од 20 часот.

За учесниците на Македонската вечер понудено е длабоко и вкусно македонско мени, а забавата ќе ја водат македонската музичка група „Балканика бенд“ со многу народни македонски ора и песни.

Влезницата е 27 евра за возрасни може да се плати на две рати од 6-10 февруари и од 6-10 март. Децата до 8 години плаќаат половина влезница.

Покровител на Македонската вечер е Советот за национални малцинства на Република Хрватска.

error: Content is protected !!