Skip to content

Македонска заедница во Швајцарија

10 Јуни-македонски ден на Швајцарско-Македонско пријателство

10 Јуни-македонски ден на Швајцарско-Македонско пријателство

28.04.2023

Македонското друштво “Македонија“ од градот Ешалан и годинава ќе учествува на традиционалното одбележување на Македонскиот ден на швајцарско-македонското пријтелство кое се одржува на 10 јуни.
“Култура се раѓа од коегзистенција на различните, но цивилизациите умираат поради изолација на истите“, ова e максимата на носителот на Нобеловата награда за литература Октавио Паз Лозано на одбележувањето на Македонскиот ден на швајцарско-македонското пријателство.
Во 1984 година Жан Бавауд, Синдикатот на градот Ешалан, кој побара персонал за својот расадник, ангажирал работници од Македонија. Како резултат на тоа, хроничниот недостиг на работна сила, овозможи многу повеќе граѓани на Македонија да најдат работа во нашиот регион. Денес во градот Ешалан има околу 150 семејства. Совршено се интегрирани и во најголем дел натурализирани. Нивното Друштво “Македонија“ кое е едно од најактивните во Швајцарија, им овозможува да го одржат своето богато културно наследство. Друштвото “Македонија“, исто така, одржува одлични контакти со општинските власти. Во 2006 година Општина Ешалан потпиша пакт за пријателство со општина Ново Село во Македонија, место населено со околу 11.000 жители, лоциран на југозападниот дел од Македонија.
На 10 јуни 2023 година во градот Ешалан ќе се одбележи Македонски ден. Ќе започне во 11:00 часот и ќе трае до 22:00 часот. На теренот на станицата, ќе бидат поставени десетина тезги со специјалитети од Македонија. Ќе биде истакната кулинарската уметност, која е особено вкусна. Слично е и со фолклорот и народните танци. Културно-уметничката програма со македонска венчавка ќе ја заокружи сликата на нивните обичаи.
___________________
Октавио Паз Лозано e мексикански поет и дипломат роден на 31 март 1914 година во Мексико Сити, Мексико, a починат на 19 април 1998 година во Мексико Сити, Мексико. За неговото дело е награден со Ерусалимската награда во 1977 година, наградата Мигел де Сервантес во 1981 година, меѓународната награда за литература Нојштад во 1982 година и Нобеловата награда за литература во 1990 година.
error: Content is protected !!