На детски фолклорен фестивал во Бугарија
„Љупчо Сантов“ со македонско знаме и песна во Благоевград
29.05.2023
На детскиот фолклорен фестивал „Шарено цвете“ во Благоевград, викендов (27 мај) учествуваше фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, Кочани.
Ансамблот е именуван по македонскиот херој, убиен заедно со Раде Кратовче од бугарскиот окупатор во Втората светска војна, Љупчо Сантов.