Skip to content

Македонска библиотека Трелеборг – Шведска

„Ја сакам Македонија“ – повик за детски цртежи

„Ја сакам Македонија“ – повик за детски цртежи

25.08.2023

Македонската библиотетка Трелеборг – Шведска ги повикува родителите на деца кои го сакаат цртањето и кои живеат во Шведска да испратат фотографии од ликовни творби на нивните деца на тема „Ја сакам Македонија“. Фотографиите ќе бидат поставени на ФБ страната на библиотеката со цел да се разубави страната.
„За таа цел потребно е да испратите фотографија од цртежот на вашето дете на тема ,,Ја сакам Македонија” на нашиот мејл makbibliotrelleborg@gmail.com или во инбокс на ФБ страната.
Заедно со цртежите напишето го името и презимето на уметникот, возраста и адресата. Повикот ќе трае до 30 септември 2023 година. Пристигнатите фотографии од цртежите тековно ќе се објавуваат и ќе ни ја разубавуваат страната“, велат во својата објава од Македонската библиотетка Телеборг.
Право на учество имаат сите деца од 6 до 16 години.
„Помогнете ни да ги покажеме убавините на нашата земја низ детските очи. Дајте им шанса на вашите деца да го покажат својот талент и да ни ги стоплат душите со она што го создале“, се вели во објавата.
На фотографијата изработка на знамето на Македонија од рацете на МИЛА МИЛАНОВА која има 8 години и живее во Малме.
error: Content is protected !!