Skip to content

ЧЕСТИТКИ ЗА 26 ЈАНУАРИ – НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА АВСТРАЛИЈА!

ЧЕСТИТКИ ЗА 26 ЈАНУАРИ – НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА АВСТРАЛИЈА!

26.01.2023

Матицата на иселениците од Македонија упатува искрени честитки до Народот и Владата на Австралија по повод 26 јануари – Националниот Ден на Австралија!

Илјадниците Македонци од сите делови на Македонија во Австралија се најголемите амбасадори и мисионери за унапредување на билатералната и мултилатералната соработка меѓу Македонија и Австралија.

26 јануари – Националниот ден на Австралија е официјален национален празник со кој се одбележува годишнината од пристигнувањето на Првата британска флота во Порт Џексон во Нов Јужен Велс на 26 јануари 1788 година и подигнувањето на британското знаме во Сиднеј Коув од Артур Филип, со кој се прогласува британскиот суверенитет над источното крајбрежје на Австралија, тогаш познато како Нова Холандија. Денес, Националниот Ден на модерна Австралија се одбележува како афирмација на мултиетничкото, мултикултурното и мултирелигиското австралиско општество! Некои домородни Абориџини 26 јануари го одбележуваат како Национален Ден на инвазијата или Национален Ден на жалоста со заложби датумот да се смени или празникот да се укине!

Првата официјална прослава на Националниот ден на Австралија датира од формирањето на Нов Јужен Велс во 1818 година. Од формирањето на модерна Австралија како федерација од британските колонии на Австралија на 1 јануари 1901 година, дури во 1935 година сите австралиски држави и територии прифатиле да го користат терминот “Национален Ден на Австралија“, за 1994 година датумот да биде одбележан со државен празник од сите држави и територии на Комонвелтот Австралија!

error: Content is protected !!