Skip to content

Македонка на Европскиот трон во Италија

Христијана Параулеска со златен медал на европското првенство во Таеквондо

Христијана Параулеска со златен медал на европското првенство во Таеквондо

25.04.2023

Македонската репрезентативка во традиционално таеквондо, Христијана Парулеска од Охрид, освои златен медал на Европското првенство што се одржува во италијанското летувалиште Јесоло.
Државната првенка Парулеска во финалето во борба до 50 килограми ја совлада репрезентативката на Украина и се искачи на континенталниот трон. Ова е првпат во историјата македонската химна да се интонира на Европско првенство во традиционално таеквондо.
Парулеска пред два дена во силна конкуренција репрезентативци од 27 држави од контитентот освои и сребрен медал во категоријата борба со замислен противник.
error: Content is protected !!