Skip to content

Македонска заедница во Албанија

ФК Туминец победник на традиционалниот фудбалски турнир во Мала Преспа

ФК Туминец победник на традиционалниот фудбалски турнир во Мала Преспа

20.04.2023

Фудбалската екипа на село Туминец е победник на овогодинешниот традиционален фудбалски турнир кој се одржа во Долна Горица, Општина Пустец.
Во финалето одиграно помеѓу фудбалските екипи на Пустец и Туминец победи екипата на Туминец.
Фудбалскиот турнир организиран од Општина Пустец традиционално се одржува на ден пред Велигден кога сите Македонци се враќаат од емиграција и на него учествуваат екипи од сите села на Мала Преспа.
Село Туминец е расадник на млади таленти и секоја година фудбалската екипа на село Туминец предводена од капитенот Драган Вурмо е главен фаворит за освојување на пехарот.
error: Content is protected !!