Skip to content

Трибина на Матица на Иселениците од Македонија и Општина Карпош

Улога на македонската револуционерна борба во создавање на државата

Улога на македонската револуционерна борба во создавање на државата

04.12.2023

По повод 130 години од формирањето на Македонската револуционерна организација, 120 години од Илинденското востание и 120 години од смртта на Гоце Делчев Матицата на иселениците од Македонија и Општина Карпош, организираат трибина „130 години МРО“ и промоција на зборникот на трудови „120 години од Илинденското востание“ и зборник на трудови „Македонското прашање во документите на Коминтерната“. Настанот ќе се одржи утре (5 декември), со почеток во 12 часот, во Кинотека на Македонија.
Формирањето на Македонската револуционерна организација на 23 октомври 1893 година во Солун е клучен датум за македонската историја. Периодот по нејзиното создавање, пред и по Илинденското востание па се’ до АСНОМ, го носи белегот на тој историски датум како почеток на идејата за револуционерна борба. Во таа смисла, создавањето на тајната организација има исклучително државно правно-политичко значење.
Говорници на трибината се проф. д-р Катерина Тодороска и проф. д-р Ленина Жила.
Зборникот на трудови „120 години од Илинденското востание“ произлезе од научната конференција што Матицата на иселениците од Македонија ја организираше во Крушево на 1 август 2023 година. Во зборникот се трудовите на: Катерина Тодоровска, Владо Поповски, Наташа Котлар Трајкова, Билјана Ванковска, Васил Тоциновски, Ленина Жила и Јасмина Дамјановска, Силвана Сидоровска Чуповска, Валентина Миронска, Благица Сековска, Васил Стерјовски и Васко Гичевски.
Промотор на зборникот „120 години од Илинденското востание“ е проф. д-р Катерина Тодороска.
Зборникот на документи „Македонското прашање во документите на Коминтерната“ е издание на Државен архив на Македонија и Рускиот државен архив за социјална политичка историја или познат како Архив на коминтерната. Во Зборникот се ексклузивни документи за македонското револуционерно движење и историја од времето на ВМРО Обединета. Објавени се факсимили на документите со превод на македонски. За прв пат се објавува и целосна анкета на европските интелектуалци за македонското прашање.
Промотор на зборникот „Македонското прашање во документите на Коминтерната“ е проф. д-р Ленина Жила.
error: Content is protected !!