Skip to content

Македонско меѓународно движење за човекови права

ТУЖБИ ЗА НАВРЕДА И КЛЕВЕТА ПРОТИВ БУЈАР ОСМАНИ И “360 СТЕПЕНИ“

ТУЖБИ ЗА НАВРЕДА И КЛЕВЕТА ПРОТИВ БУЈАР ОСМАНИ И “360 СТЕПЕНИ“

31.01.2023

Македонското меѓународно движење за човекови права и претседателот на ова здружение Бил Николов на 27 јануари годинава поднесоа тужби за навреда и клевета пред Основниот граѓански суд Скопје “против Бујар Османи, министер за надворешни работи на режимот во Македонија и против ‘360 Степени’, медиум во Македонија“, за кршење на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Во тужбите се вели дека Бујар Османи и “360 степени“ се неосновано критични против сите кои ќе изразат несогласување со марионетската влада во Македонија и американските анти-македонски политики а заради грубо кршење на човековите права и граѓанските слободи.

На 27 октомври 2022 година, “360 степени“ објави отворено лажен, навредлив и клеветнички прилог за Македонското меѓународно движење за човекови права и за претседателот на здружението Бил Николов. Во интервју за БТВ, на 27 октомври 2022 година, кое беше објавено на “360 степени“ на 28 октомври 2022 година, министерот за надворешни работи Бујар Османи изнесе целосно лажни, навредливи и клеветнички тврдења за Македонското меѓународно движење за човекови права и за претседателот на здружението Бил Николов. Бујар Османи продолжи со изнесување на целосно лажни, навредливи и клеветнички изјави и за време на неговата прес конференција на 11 ноември 2022 година.

“360 степени“ објавува дека во моментов прима средства од Националната фондација за демократија (НЕД), која пак потврдува дека е во најголема мерка финансирана од американскиот Конгрес. “360 степени“, исто така, добивал средства од американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД), потврдена од УСАИД и од британската и холандската амбасада.

Македонското меѓународно движење за човекови права и за претседателот на здружението Бил Николов во тужбата нотира дека марионетската влада во Македонија е инсталирана од Соединетите Американски Држави и понатаму ја има нивната целосна поддршка, со цел насила да ја спроведе нелегалната промена на името, како и други надворешно-политички цели на САД“.

Македонското меѓународно движење за човекови права е основано во 1986 година во Торонто, Канада.

error: Content is protected !!