Skip to content

Македонска заедница во Албанија

Традиционална македонска средба “Горно Крчиште ‘2023“ на 27 Мај

Традиционална македонска средба “Горно Крчиште ‘2023“ на 27 Мај

22.05.2023

Македонското друштво “Илинден“ од Тирана информира дека, по повод големиот христијански празник Спасовден, годинашната традиционална Македонска средба – Горно Крчиште ‘2023 ќе се одржи на 27 мај, сабота, со почеток во 9 часот, кај црквата “Свети Спас“ во село Горно Крчиште, областа Полени, Маќелара, Голо Брдо.
Црквата “Свети Спас“ е изградена во 1232 година и е споменик на културата во Албанија. Во црквата “Свети Спас“ богослужбата на 27 мај ќе биде на македонски јазик.
Македонско друштво “Илинден” од Тирана ги кани сите добронамерници, сите Македонци од областа Голо Брдо, од цела Република Албанија и од татковината Македонија.
За присутните е подготвена богата културно-уметничка програма со македонски песни и ора и вкусно македонско селско мени.
error: Content is protected !!