Skip to content

Македонска заедница во Словенија

Театар Комедија со „Анатомија на неверство“ гостува во Нова Горица

Театар Комедија со „Анатомија на неверство“ гостува во Нова Горица

16.05.2023

Театар Комедија со претставата „ Анатомија на неверството“ ќе гостува во Нова Горица, Словенија. Гостувањето е организирано во соработка со Македонското културно друштво „Охридски бисери“ од Нова Горица.
Претставата „Анатомија на неверството“ по текст на Валентин Красногоров, во режија на Александра Кардалевска и актерска игра на Жаклина Петровска и Тони Денковски ќе се одржи на 31 мај (19 ч.) во театарската сала при Гимназијата во Нова Горица.
-Низ неколку засебни едночинки во кои истите актери толкуваат различни карактери, претставата зборува за неверството, бракот и воопшто машко-женските љубовни односи. Ликовите во сите едночинки се поставени во парадоксални ситуации, а самото сиже, спојувајќи две противречни состојби, претставува оксиморон кој го изразува самото неверство како болно задоволство, односно пријатна сензација што создава проблеми. На тој начин претставата игра по тенката линија на сарказмот и апсурдот создавајќи истовремено хумористични и драматични ситуации- Александра Кардалевска.
error: Content is protected !!