Skip to content
Во Мелбурн, Викторија

Студија на Мирјана Лозановска, изложба „Мигрантски мрежи“

Студија на Мирјана Лозановска, изложба „Мигрантски мрежи“

08.12.2022

Во Музео Италиано, дел од Мултикултурниот музеј на Викторија е отворена изложба насловена „Мигрантски мрежи“, дел од проектот „Архитектура и индустрија: придонесот на мигрантите во градењето нација 1945-1979 година“ во која свое учество има и д-р Мирјана Лозановска, професор на Универзитетот Дикин. Студијата на Лозановска насловена „Пристаниште Кембла челични работи“ е изложена заедно со четирите студиите: „Кампови за мигранти“ на Александра Делиос од Австралискиот национален универзитет насловена, „Снежна хидро“ на Анома Пиерис од Универзитетот во Мелбурн, „Вумера“ на Ендрју Санига од Универзитетот во Мелбурн и „Предградието на Мелбурн“ на Дејвид Бејнон од Универзитетот во Тасманија.

Студија на Мирјана Лозановска, изложба „Мигрантски мрежи“
Изложбата ја истражува значајната врска помеѓу масовната миграција и модернизацијата на Австралија после Втората светска војна. Студиите вклучени во изложбата вклучуваат места на повоена мигрантска работна сила – мигрантски кампови (Бенала и Грета), клучни индустриски локации (Снежна хидро и БХП челични работи), одбранбени места (Вумера). Предметите и приказните изложени на изложбата го нагласуваат придонесот на не-англофонски мигранти и бегалци во модернизација на Австралија после Втората светска војна, со признавање на сложената меѓуигра на индустријата, архитектурата и пејзажот.
Д-р Мирјана Лозановска е вонреден професор на Факултетот за архитектура и изградена средина на Универзитетот Дикин. Таа отсекогаш сонувала да ја ревидира визуелната перцепција на домувањето на мигрантите. Др. Мирјана Лозановска е автор на неколку архитектонски публикации преку кои е пионер на ново поле на знаење.
Изложбата е отворена на 16 ноември, а ќе трае до 10 февруари 2023 година.
error: Content is protected !!