Стружанецот Сотир Настоски со сребрен медал во БЏЏ во САД
03.03.2023
На Државното првенство во бразилско џиу џицу (БЏЏ) во Ралеиг, САД, стружанецот Сотир Настоски, кој е истакнат карате мајстор, но и инструктор по други боречки вештини, го освои второто место во дисциплината но-ги (без кимоно).
Настоски, кој настапува за Бразилскиот топ тим Шарлот, во финалето се сретна со Џибрил Диоп од САД.
На првенството учествуваа преку 600 натпреварувачи во различни дисциплини, Сотир откако го освои сребрениот медал, гордо го развиори македонското знаме.